Дочекот на Георгиевски утре на скопскиот плоштад во 19.30 часот

Дејан Георгиевски по освојувањето на сребрениот медал на ЛОИ во Токио утре се враќа во Македонија, а официјалниот пречек ќе биде во 19.30 часот на плоштадот Македонија во Скопје. Самиот Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри.

„Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех“, рече Георгиевски

 

Се вчитува...