Џанлуиџи Буфон ова попладне (15 часот) ќе го одигра последниот меч во дресот на Јувентус. „Старата дама“ ќе ја прослави новата шампионска титула на дуелот со Верона, а ќе му каже ’збогум’ и на легендарниот чувар на мрежата кој цели 17 години го чуваше голот на „бјанконерите“.
Што се се случуваше за тие 17 години…
Буфон пристигна во Јувентус од редовите на Парма во 2001 година, за рекорден трансфер на голман во износ од 52 милиони евра.
Првиот меч во Лигата на шампионите за Јувентус го одигра на 18 септември 2001 година, во триумфот од 3-2 против Селтик. Тој меч претходно беше одложен поради терористичкиот напад во САД на 11 септември, а оттогаш Џиџи одигра 115 натпревар во ЛШ.
Првиот филм за Хари Потер беше снимен во 2001, кога Буфон дојде во Јувентус, и оттогаш има уште седум продолженија.
Се сменија седум премиери на Италија, откако Џанлуиџи Буфон потпиша за Јувентус, па до денешен ден: Силвио Берлускони (двапати), Романо Проди, Марио Монти, Енрико Лета, Матео Ренци и Паоло Џентилони. Можеби ќе има и осми нов премиер, затоа што во Италија се формира ново владеачко мнозинство.
Буфон пристигна во Торино 11 дена пред промоцијата на првиот филм „Fast and the Furious“, а оттогаш оваа франшиза издаде девет нови продолженија.
Ниту еден фудбалер од генерацијата на Јувентус во 2001 година не игра веќе активно фудбал. Антонио Конте е тренер на Челси, Павел Недвед е потпретседател на Јувентус, а Игор Тудор е тренер на Удинезе.
Клаудио Маркизио е вториот фудбалер со најдолг стаж во овој состав на Јувентус. Тој беше 15-годишно момче кога Џанлуџи Буфон од Парма пристигна во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА