Додека чека фудбалски трансфер – Елмас „ала Стеф Кари“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е во очекување на трансферот од редовите на Фенербахче. Барем ако се суди на бројните шпекулации ширум Европа за интересот на серија европски гиганти. Но, во очекување на евентулната следна своја фудбалска дестинација Елмас во Истанбул почна со физичките активности пред стартот на подготовките за новата сезона.

А, за да биде во топ-форма дозволен е и кошаркарски тренинг во сала. Па, Елмас демонстрираше дека, покрај добро познатите фудбалски, и тоа како има и кошаркарски квалитети…

Се вчитува...