Додека Фабињо славеше титула, крадци го „олеснија“ неговиот дом

Ливерпул по три децении ја освои шампионската титула, фудбалерите славеа до доцна во ноќта, а крадците тоа го искористија за да го „олеснат“ домот на Бразилецот Фабињо. Фудбалерот за врска останал без значителна сума пари и накит кои биле во сефот, а крадците го земале и неговиот автомобил Audi RS6, кој потоа полицијата го пронашла во Виган.

Полицијата извршила форензичка истрага, пронајдени се важни информации и се уште се трага по сторителите. Во меѓувреме, Фабињо се подготвува за натпреварот од последното коло во Премиер – лигата кое ќе се игра претстојниот викенд. „Црвените“ ќе му гостуваат на Њукасл.

 

Се вчитува...