Додека го подготвуваше Реал за мајсторка, клубот преговараше за негова смена?

Управата на Реал Мадрид најверојатно ќе го смени Чус Матео од клупата, и покрај тоа што успеа да ја внесе екипата на Ф4 во Евролигата, и покрај негативата и двата почетни порази од 0-2 од Партизан.

Матео нема многу искуство во Евролигата, но успеа да го внесе тимот меѓу најдобрите четири во Европа, но со многу среќа со оглед дека се врати од негатива од 0-2, а синоќа неговиот тим во еден момент имаше и негатива од 18 разлоика од белградскиот тим.

И додека Матео ја подготвувал екипата за мајсторката со Партизан, раководството на клубот преговарала со потенцијалниот нов тренер. Наводно Серџо Скариоло ќе седне на клупата на „кралевите“ идната сезона, откако раководството непосредно пред петиот меч имала состанок со него за ангажман на клупата на Реал.

Скариоло во моментов има договор со Виртус на уште една година, а се чини дека судбината на Матео на клупата на Реал ќе зависи од успех на Ф4 во Каунас.

Се вчитува...