Додека Погба да изведе пенал, Болт ќе истрча светски рекорд (ВИДЕО)

Пол Погба имаше многу среќа откако Џордан Пикфорд му го одбрани пеналот, па му се врати одбиената топка и постигна гол за водство на Манчестер Јунајтед против Евртон. Сепак целата „церемонија“ на изведување пенал за кој му требаа буквално 28 чекори ги изнервира навивачите на Јунајтед, но предизвика и бројни саркастични коментари на социјаните мрежи.

Па така дури и Лук Шо комтираше дека за времето кое му е потребно на Погба за изведување пенал, може да „си ја воскренеш кариерата и да потпишеш нов договор“. Имаше и поиновативни забелешки. Дека ќе завршат преговорите за Брегзит додека Французинот шутне пенл.

Сепак најзабавна е споредбата со светскиот рекорд на 100 метри на Јусеин Болт.

 

 

 

 

Се вчитува...