Додека Родриго славеше трофеј, крадци ја обиле неговата куќа

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго беше најзаслужен за шампионската титула во Купот на Шпанија. Бразилецот беше двоен стрелец во победата од 2-1 против Осасуна, но сепак нема по добро да го памети новиот трофеј во своите витрини.

Имено, додека тој и неговите соиграчи славеа трофеј неговата куќа во предградието на главниот град на Шпанија била ограбена, потврди и шпанската полиција. Содржината и вредноста на украдените предмети засега остануваат непознати.

Родриго е само еден од играчите на Реал Мадрид кој доживеа ваква судбина. Пред него беа ограбени и куќите на Дани Карвахал и Карим Бензема додека настапуваа во лигашките натпревари.

Се вчитува...