Додека соиграчите се подготвуваат за Вардар: Ван Перси си тера „ѓезмиња“ на Босфорот (ФОТО)

Фановите на Фенербахче повторно се револтирани пред вечерашниот реванш натпревар на нивниот тим со Вардар во квалификациите за Лигата на Европа, откако турските медиуми објавија фотографии од Холанѓанецот Робин Ван Перси како се фали по социјалните мрежи со разно-разни „ѓезмиња“ по Босфорот.

Додека неговите соиграчи се подготвуваат за средбата со Вардар, а атмосферата во тимот не е баш на највисоко ниво, Ван Перси вчера уживаше на Босфорот со својот фудбалски пријатели Калид Буларуж. Претходно, тренерот на Фенер, Ајкут Кочаман постојано потенцираше дека Ван Перси е повреден или болен, но според турските медиуми се се тоа лаги, а единствената вистина е дека Холанѓанецот повеќе не сака да игра за турскиот тим, желен да се врати во Холандија.

Сепак, се очекува, поради повредата на Солдадо, да се најде во почетниот тим на Кочаман за дуелот против Вардар.

Се вчитува...