Додека цел свет зборува за Меси и Барселона, во Реал Мадрид се случуваат големи проблеми

Лионел Меси и неговата „сага“ со Барселона се главна тема во медиумите во светот. Аргентинскиот фудбалер побара да си оди од клубот во кој настапуваше 15 години, поради конфликтот во кој е влезен со раководството.

Додека јавноста е окупирана со „сагата Меси“, Реал Мадрид исто така има голем проблем, наречен Герет Бејл. Велшанецот не прифаќа клубот да го продаде. Не се согласува на никаков разговор околу заминување од Мадрид и за него постои само една опција. Тој бара од Флорентино Перез да му биде исплатен целиот актуелен договор, па дури тогаш може да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Бејл заработува околу 17 милиони евра по сезона, а му останаа уште две сезони од актуелниот договор, што значи дека „кралевите“ мора да му исплатат 34 милиони за тој да замине од клубот.

Се вчитува...