Сојузот на спортови на град Скопје ги додели традиционалните награди „13 Ноември“ за посебни успеси и достигнувања во спортот. Главните признанија за 2017 година очекувано завршија кај актуелниот европски шампион РК Вардар.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е прогласен за најдобар спортист на град Скопје. Првиот човек на клупата на Вардар и селектор на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалес го доби признанието за најдобар тренер, а РК Вардар е најдобриот клуб за 2017.
На годинашната свеченост, Сојузот на спортови на град Скопје додели и четири награди за животно дело, а добитници се: Насе Кондовски, Јован Јовановски, Александар Атансовски и Златко Калински.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА