Доделени наградите „8. септември“: Признанието за животно дело за Иван Кочовски (ФОТО)

Во Собранието на Република Македонија се доделија наградите “8 Септември” за остварувања во областа на спортот, по повод Денот на независноста на нашата земја.

Постапката и начинот на избор на добитници ги објасни членот на Одборот за доделување на наградата “8 Септември”, проф.д-р Јовица Угриновски. Доделени се четири награди за остварувања во областа на спортот на: Петар Белистојаноски (карате), Ристо Магдинчев (ракомет), Александар Коцевски – Џајо (пливање) и Ѓокица Николовски (кајак).

Наградата за животно дело во областа на спортот му припадна на Иван Кочовски, поранешниот долгогодишен македонски селектор во шах, и истакна шаховски работник.

Ivan Kocovski zivotno delo

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски го честиташе Денот на независноста на Република Македонија и истакна дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги вреднува резултатите на успешните спортисти, но и да се грижи за новите генерации.

8 septemvri priznanija 3

Наградата “8 Септември” се додели по шести пат. На свечениот настан присуствуваа лица од спортот, спортски работници и претставници од спортските федерации.

8 septemvri priznanija 2

Се вчитува...