Договорена размена: Артур доаѓа во Јувентус, Пјаниќ ќе ја засили Барселона

Италијанскиот првак Јувентус и шпанскиот шампион Барселона договорија супер-размена на двајцата одлични играчи за врска. Бразилецот Артур Мело го напушта „Камп Ноу“ и се сели во Торино, а Миралем Пјаниќ ќе го засили составот на Барса.

Бразилецот е проценет на сума од 70 милиони евра, Пјаниќ има вредност помала за 10 милиони евра, па Јувентус ќе треба да ја доплати при склучување на зделката.

Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари, имаше голема желба да го доведе Артур во Торино и раководството на Јувентус ќе му ја исполни. На Бразилецот му вети двојно поголема плата од таа што ја заработува на „Камп Ноу“ за да се пресели во Серија А.

Се вчитува...