Ал Хилал постигна усмен договор со Ливерпул за трансфер на уругвајскиот голгетер Дарвин Нуњез во Саудиска Арабија. Договорот е подготвен, само часови го делат напаѓачот од трансфер во овој клуб, каде треба да замине како замена за Александар Митровиќ, кој е на добар пат да се врати во Европа.
И покрај тоа што Нуњез беше трансферна цел на Милан, сепак, на крајот се одлучи да се приклучи на тимот на Симоне Инзаги, кој во него добива големо засилување во нападот.
Сега останува само конечната одлука на Нуњез, а наводно Инзаги лично разговарал со него и му соопштил дека го сака во екипата и дека ќе добие главна улога во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

