Еден од играчите што ќе го одбележат ова лето во светот на фудбалот е Алекс Баена. Младиот фудбалер на Виљареал преговараше со Атлетико Мадрид и Барселона, а на крајот реши да потпише договор со Атлетико.
Веќе еден месец се знаеше дека тој одлучил да го направи овој чекор, но сега сè е завршено, како што објавија шпанските медиуми, бидејќи Атлетико и Виљареал се договориле. Откупната клаузула на овој играч од средниот ред е 60 милиони евра, а Атлетико се согласи на сума од 55 милиони евра.
Имаше интерес од Саудиска Арабија, тие сакаа да платат и повеќе, но на крајот желбата на самиот играч е да остане во Европа.
Оваа сезона Баена во дресот на Виљареал постигна шест гола и запиша девет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА