Договорено: Чурлинов потпишува нов договор со Келн

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, по неизвесниот период на стартот од новата сезона и недоразбирањата со актуелниот клуб, сосема извесно сега веќе ќе потпише нов договор со Келн.

Како што пренесува германски „Билд“, синоќа реализирана е средба меѓу спортскиот директор на Келн, Армин Вех и менаџерите на Чурлинов на која е договорено продолжување на соработката.

„Да, имавме добри разговори со претставниците на Чурлинов“ – вели Вех за „Билд“.

Претходно од раководството и стручниот штаб постојано потенцираа дека ‘ниту еден млад фудбалер нема да диктира за која возрасна категорија и колку ќе настапува без разлика за колкав талент станува збор’, одговорајќи на барањата на македонскиот фудбалер во иднина да биде дел само од првиот тим на Келн.

Но, сега, според „Билд“, недоразбирањата се надминати а Чурлинов ќе го продолжи актуелниот договор со тимот кој му истекува на крајот од сезоната.

Се вчитува...