Договорено: Игор Кокошков е нов селектор на Србија

Прославениот српски тренер Игор Кокошков ќе биде нов селектор на Србија предводејќи го националниот тим на квалификацискиот турнир за ЛОИ 2020 кој се одржи од 23. до 28. јуни во Белград.

Сакраменто денеска официјално дал зелено светло Кокошков да биде нов селектор на Србија, и покрај тоа што и натаму ќе биде дел од стручниот штаб на тимот од НБА лигата. Некогашниот шампион на Европа со Словенија, прифатил да ја предводи Србија на патот до ЛОИ.

47-годишниот Кокошков тренерската кариера ја почнал уште во 1992 година во ОКК Београд, за да после една сезона во младинскиот тим на Партизан се пресели во САД. Како асистент во НБА лигата работел во ЛА Клиперс, Феникс, Кливленд, Орландо и Јута а во сезоната 2018/19 го имаше и првиот самостоен ангажман како тренер на Феникс. Оваа сезона е помошник во стручниот штаб на Сакраменто.

Се вчитува...