По отказот кој го доби Масимилијано Алегри, Милан е во потрага по нов тренер. „Росонерите“ веќе преговараа со неколку имиња, меѓу кои и Андони Ираола, но тој на крајот ќе заврши на „Енфилд“ како нов тренер на Ливерпул.
Затоа италијанските медиуми веќе пишуваат дека Милан се договори со Маурисио Покетино, селекторот на САД веднаш по Мундијалот да ја преземе тренерската клупа на тимот кој не успеа да избори место во Лигата на шампионите идната година. Покетино за договор од пет милиони евра годишно, би требало да го преземе тимот на „црвено-црните“.
Покетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен Жермен и Челси, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД.
Неговата главна цел е да ги однесе Американците што е можно подалеку на Светското првенство, кое го организираат заедно со Канада и Мексико.
После тоа, Покетино патува во Италија, каде повторно ќе се соочи со пеколна задача, да го врати Милан на врвот во Серија А и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
