Договорено: Наинголан во Интер, Рома доби пари и двајца играчи

Раџа Наинголан во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како нов член на Интер, откако „нероаѕурите“ конечно се договорија околу висината на отштетата со раководството на Рома. „Волчицата“ инсистираше на 40 милиони евра, но на крајот двата клуба постигнаа согласност римјаните да добијат 24 милиони плус двајца играчи на Интер. Станува збор за бекот Давиде Сантон, како и младиот и талентиран плејмејкер Заниоло, кои својата кариера ќе ја продолжат на „Олимпико“.

Ангажманот на Наинголан беше голема желба на тренерот Спалети, кој сега ќе се насочи кон ангажман на нови засилувања кои би му помогнале на тимот во Лигата на шампионите.

Што се однесува до Рома, директорот Мончи го продолжува ремонтот на тимот со заминувањето на Наинголан. На ред е голманската позиција, каде Рома во текот на утрешниот ден ќе го потпише Миранте од Болоња.

Се вчитува...