Договорено: Несторовски две години во Удинезе!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски својата кариера ја продолжува во Удинезе!

Се чини завршена е сагата околу македонскиот напаѓач кој и дефинитивно, според најавите од Италија, се сели во Удине. Поради проблемите на Палермо, кој е пред преселба во Серија Д поради финансиски малверзации, јасна беше определбата на клубот за продажба на капитенот. Тоа е и се случи, а договор е постигнат со Удинезе.

Согласно информациите од Апенините, Несторовски треба деновиве и официјално да потпише двегодишен договор со Удинезе.

Тренер на Удинезе е Хрватот Игор Тудор кој добро е запознаен со квалитетите на македонскиот напаѓач уште од периодот на неговите настапи за Интер Запрешиќ.

Се вчитува...