Договорено: Пепе Реина од 1 јули во Милан

Веќе нема никакви дилеми, Пепе Реина на крајот од оваа сезона ќе си замине од Наполи и ќе се пресели во таборот на Милан. „Росонерите“ веќе подолго време се интересираа за овој 36-годишен чувар на мрежата, чиј договор со „наполитанците“ истекува на крајот од оваа сезона.

Преговорите меѓу „росонерите“ и агентот на Реина траеја неколку месеци, а конечно да биде постигнат целосен договор. Како што јавува „Газета дело спорт“, Реина веќе ги информирал и челниците на Наполи за ваквиот развој на настаните, за неговиот сегашен клуб да почне потрага по нов голман за наредната сезона.

Шпанскиот ветеран ќе потпише двогодишен договор со „росонерите“ за плата од три милиони евра по сезона. Реина би требало да биде прв голман на Милан, доколку се реализираат најавите дека Донарума ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...