Договорено: Себалјос се враќа назад во Арсенал

Арсенал осигура уште еден значаен фудбалер за наредната година, откако беше договорено Дани Себалјос да се врати назад во таборот на „топчиите“ и за премиерлигашката сезона 2020/2021.

Шпанскиот плејмејкер ја мина ланската сезона на позајмица и играше одлично по доаѓањето на Артета на чело на „топчиите“. Тој минатиот месец се врати назад во татковината, се шпекулираше дека е многу блиску до потпис со Бетис, но на крајот сепак се реши за камбек во Арсенал.

„Дани Себалјос одби три шпански екипи. По разговорот што го имаше со Артета, неговиот одговор до сите беше – сакам во Арсенал. Сега се е договорено и тој во следните денови ќе пристигне на лекарски прегледи и на потпис за нова едногодишна позајмица“, информираат шпанските медиуми.

Се вчитува...