Договорено: Вернер се враќа назад во Лајпциг

Челси продолжува да се ослободува од играчите на кои Томас Тухел не смета сериозно, па по Ромелу Лукаку од „Стемфорд бриџ“ назад во стариот клуб ќе се врати уште еден фудбалер. Станува збор за Тимо Вернер, кој кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг, тимот во кој германскиот репрезентативец ги мина најдобрите моменти во кариерата.

Вернер имаше неколку одлични сезони во дресот на Лајпциг кои беа препорака за негов трансфер во Премиер-лигата. Челси излезе како победник од трката со Ливерпул, но Тимо се покажа како супер-промашување, не користејќи ги шансите што ги добиваше во дресот на „сините“.

Челниците на Челси најавија дека ќе му дозволат да си замине, тој беше поврзуван и со Јувентус, но на крајот пресуди желбата на фудбалерот за враќање назад во Лајпциг. Иако најпрвин преговорите се однесуваа на едногодишна позајмица, последните информации говорат дека двата клуба се договориле за перманентен трансфер, а сумата барем засега не се обелоденува во јавноста.

Се вчитува...