Жозе Мурињо ја презема клупата на турски Фенербахче! Тоа што се шпекулираше повеќе од еден месец, очигледно со дефинитвна реализација, пренесуваат италијанските медиуми.
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио, со информации дека Португалецот веќе се договорил со челниците на Фенербахче и од јуни се сели во Истанбул.
Мурињо треба да потпише двегодишен договор со клубот, кој ќе биде за него нов предизвик по напуштањето на кормилото на Рома.
За португалскиот тренер беа заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија, Англија и Португалија, но очигледно се одлучи да ја прифати понудата од Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА