Дојави за бомби во Киев – затворени пет метро-станици

Навивачите на Ливерпул и на Реал Мадрид во пријателска атмосфера го дочекуваат финалето во Киев, но органите на редот во украинската метропола попладнево се соочија со неочекувани проблеми по дојавите за бомби во неколку метро-станици.

Како што потврдија полициски извори, имало дојава за бомби во пет станици, сите околу центарот на Киев, при што сите пет експресно биле евакуирани. Засега не е пронајдена експлозивна направа во ниту една од петте метро-станици, Днипро, Хидропарк, Ливобережна, Арсенална и Хероив Днипра, но истите најверојатно ќе бидат затворени до крајот на денот.

Се вчитува...