Дојчиновски знае како се победува Ливерпул – легендите на Црвена звезда на „Маракана“ (фото)

Легендата на македонскиот фудбал, Кире Дојчиновски, беше дел од спектаклот во пресрет на вечерашниот меч меѓу Црвена звезда и Ливерпул, со кој „црвено-белите“ потсетија дека веќе го имаат елиминирано англискиот гигант од европските натпреварувања.

Дојчиновски беше дел од таа славна генерација што во 1973 година го зеде скалпот на „црвените“ од Енфилд роуд, во која се најдоа и Караси, Пижон, Јанкоиќ, Ачимовиќ…

Голема чест за великанот на македонскиот фудбал, пред преполната „Маракана“.

Фото: Игор Паневски

Се вчитува...