Дојде и тој ден: Бејл и официјално си заминува од Реал!

Велшкиот фудбалер Герет Бејл повеќе не е член на Реал Мадрид. По девет успешни години во славниот тим од шпанската престолнина, 32-годишниот напаѓач со порака на социјалните мрежи се прости од навивачите.

Спортската јавност со нетрпение очекува да проследи каде Герет ќе одлучи да ја продолжи кариерата. Поранешниот играч на Саутемптон и Тотенхем со кралскиот клуб минатиот викенд го освои петтиот трофеј во Лигата на шампионите во Париз, град во кој избраниците на Карло Анчелоти го совладаа Ливерпул.

„Ја пишувам оваа порака за да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, од минатото и сегашноста, тренерите, другиот персонал и навивачите кои ме поддржаа. Во Мадрид пристигнав пред девет години како млад човек кој сакаше да го оствари својот сон и да игра за Реал. Сакав да го носам совршениот бел дрес и грбот на Реал Мадрид на градите, да играм на стадионот ‘Сантијаго Бернабеу’ за да освојувам трофеи, особено Лигата на шампионите. Сега можам да погледнам наназад и да кажам дека сето тоа го постигнав. И многу повеќе од тоа. Беше незаборавно искуство да се влезе во историјата на Реал Мадрид и да се постигне она што го постигнавме. Тоа никогаш нема да го заборавам. Би сакал да се заблагодарам и на раководството на клубот што ми ја даде шансата – претседателот Флорентино Перез, Хозе Анхел Санчез и целиот управен одбор. Ми беше чест, благодарам …“, напиша Герет Бејл на социјалните мрежи.

 

 

Се вчитува...