Анте Кудуз пристигна во Вардар како големо засилување за бековската линија, но само шест месеци подоцна хрватскиот бек го напушта таборот на „црвено-црните“.
Тој дојде во Скопје како големо засилување, но по проблемите со повредите и неколкуте слаби игри си заминува како големо промашување, откако го комплетираше својот камбек во Динамо Букурешт.
Кудуз токму од Динамо пристигна во Вардар, но воопшто не ги оправда очекувањата на тренерот Веселин Вујовиќ и на управата, која и по тренерската смена остана на ставот да му дозволи на Хрватот да си замине.
Романскиот првак објави дека транферот е целосно договорен, со фотографија на Кудуз и прва изјава на Хрватот: Се вратив!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА