Дојде крајот за еден од најдобрите арбитри: Феликс Брих утре ја завршува меѓународната судиска кариера

Германскиот судија Феликс Брих одлучи дека утре ќе ја заврши својата меѓународна судиска кариера. Тој по рекорден 70-ти пат ќе ја дели правдата во Лигата на шампионите на дуелот од 6. коло од групната фаза.

Феликс својата меѓународна карирера ќе ја заокружи „кралски“ во Шпанија, Мадрид, како главен судија на големото дерби меѓу Реал и Интер.

Сепак, 46-годишниот Брих, нема да заврши со својата судиска работа, затоа што ќе продолжи да суди во Германија.

Се вчитува...