Дојде, виде си замина: Гурбиндо го напушта Вардар

Едуардо Гурбиндо требаше да биде најголемо засилување на Вардар во текот на летово, но шпанскиот десен бек експресно ќе го заврши престојот во таборот на македонскиот првак. Шпанецот веќе има начелно договорено преселба во Динамо Букурешт, каде ќе замине на барање на тренерот Чави Пасквал, со кого своевремено успешно соработуваше во Барселона.

Гурбиндо требаше да ја има лидерската улога во тимот на „вардарци“, но „црвено-црните“ не беа најимпресионирани од засилувањето од Нант. Токму тоа е причината поради која и Вардар е подготвен да даде зелено светло за неговата преселба во Романија, се со цел да се ослободи од еден од играчите со „најдебели“ договори во клубот.

Веќе е договорено и доаѓањето на браќата Ниокас од редовите на Металург, па токму Французинот Кевин Ниокас ќе го замени Гурбиндо на позицијата десен бек.

Во секој случај, неславен крај на авантурата на шпанскиот репрезентативец, кој беше дел од „црвената фурија“ на ОИ во Токио. Тој пред неколку месеци изјавуваше како Вардар му е вистински избор во кариерата, но премалку време мина за целосно да го смени ставот и да ги спакува куферите.

Се вчитува...