Дојдоа да гледаат Интер – Јуве, па налетаа на Пандев, Елмас, Несторовски…

Група македонски навивачи отпатува минатиот викенд за Италија за да го следи натпреварот меѓу Интер и Јувентус, патување што ќе им остане во долго сеќавање и поради средбата со најдобрите македонски фудбалери на аеродромот „Малпенса“ во Милано. Дел од нив се приврзаници на „нероаѕурите“, дел на „старата дама“, но кога станува збор за националниот тим за нив нема дилеми – се навива за Македонија.

Затоа и огромно беше изненадувањето кога на аеродромот во Милано налетаа на македонските фудбалери кои чекаа лет за Скопје за да пристигнат на репрезентативниот собир. Горан Пандев, Елиф Елмас, Илија Несторовски и Александар Трајковски се согласија на заедничка фотографија со навивачите, кои за возврат ветија дека ќе дојдат на Националната Арена „Тодор Проески“ за да ги бодрат репрезентативците на дуелот со Словенија.

Овие четири фудбалери попладнево ќе пристигнат во Скопје и директно од аеродром ќе пристигнат на првиот тренинг под водство на селекторот Ангеловски.

Се вчитува...