Дојдов, видов, победив – Антонио Конте е синоним за успех

Ако сакате да освојувате трофеи, се што ви треба е да го донесете Антонио Конте за тренер. Го знаеше тоа и Аурелио де Лаурентис, минатото лето успеа да го убеди врвниот стратег да дојде во Неапол, а десетина месеци подоцна – Наполи повторно е шампион на Италија.

За Конте ова е петто скудето како тренер, по трите освоени како предводник на Јуве и едно на чело со Интер. Ако се додаде и онаа фантастична титула во Премиер-лигата со Челси, јасна е тренерската величина на овој врвен стратег, кој претходно и како играч освои четири скудета со „старата дама“.

„Дојдов, видов, победив“, дефинитивно е дефиницијата по која Конте оди по својот пат, како еден од најуспешните во европскиот фудбал во последните десетина години.

Воедно, Конте стана прв тренер што стигнал до шампионски скудета со три различни калчолигаши, како и прв стратег роден во Јужна Италија што станал шампион со клуб од јужниот дел од Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...