Доказ за лојалноста: Лаутаро потпиша со Интер до 2026 година

Лаутаро Мартинез ја докажа својата лојалност кон Интер потпишувајќи нов договор со актуелниот првак на Италија. Аргентинецот пред две години беше поврзуван со Барселона, но реши да остане меѓу „нероаѕурите“, минатото лето и покрај неколкуте понуди на крајот реши да не ги промени клупските бои, a наградата за лојалноста пристигна со потписот на новиот договор.

Со него, Лаутаро ќе остане на „Џузепе Меаца“ до јуни 2026 година, а за возврат ќе има загарантирана плата од шест милиони евра, плус богати бонуси поврзани со трофеите на тимот и со бројот на постигнати голови во дресот на Интер.

Самиот клуб го доби она што го посакуваше, бришење на клузулата со која Лаутаро можеше да си замине доколку некој тим понудеше 111 милиони евра. Аргентинецот сега не може да го напушти клубот без согласност од „нероаѕурите“, па се очекува тој и во годините што следат да биде предводник на нападот на овој италијански фудбалски гигант.

Се вчитува...