Доколку ја поминат првата рунда Лејкерс ќе носат дресови посветени на Коби

Најдобрата екипа во Западната конференција во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс доколку го поминат Портланд Треилблејзерс во првото коло од плеј-офот, во продолжението ќе носат дресови во чест на Коби Брајант.

Наводно дресот во продажба ќе биде пуштен на 24. август, што е симболичен датум бидејќи ги претставува двата броја (24, 8) кои Коби ги носеше во текот на кариерата. Дресот првпат беше претставен во 2018 година, а беше дизајн токму на кошаркарот кој во јануари годинава во хеликоптерска несреќа го загуби животот.

 

Се вчитува...