„Доколку на Кајри Ирвинг мозокот го ставите на птица, таа ќе почне да лета наназад“

Поранешниот кошаркар на Бостон, Оклахома, Кливленд и Њу Орлеанс ја нападна ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг кој сака да формира своја лига која ќе се игра во исто време со завршницата на сезоната во НБА која ќе почне на крајот на јули во Орландо.

„Кајри е конфузен дечко, кој не знае како да го покаже своето лидерство. Тој како потпретседател на Асоцијата на кошаркари гласаше за продолжување на сезоната, а сега не сака да игра. Во моментов толку е конфузен, што неговиот мозок да го ставите во птица, таа ќе почне да лета наназад“, изјави Перкинс. 

Кендрик Перкинс стигна до НБА трофејот во 2008 година како дел од легендарната генерација на Бостон Селтикс во која членови беа Пол Пирс, Кевин Гарнет и Реј Ален.

Се вчитува...