Доколку не сакате да губите купете го Серхио Рамос

ПСЖ ја продолжи победниката низа на три победи едно по друго откако во вчерашниот натпревар од 13. коло против Троја славеше со 4-3. „Светците“ се радуваа на 11. победа во француското првенство, но посебен повод за славје имаше и Серхио Рамос кој стана рекордер за клубот од главниот град на Франција.

Имено, од неговиот трансфер во ПСЖ, Шпанецот настапи на 30 натпревари во сите натпреварувања, а ниеден од овие натпревари не заврши со пораз. Сега 36-годишникот доживеа 23 победи и 7 нерешени натпревари со што постави рекорд кој ретко кој ќе го надмине.

Се вчитува...