Докторот објасни зошто му дозволил на Михајловиќ да ја води Болоња од клупата

Синиша Михајловиќ, и покрај тешката болест, се одлучи да го води својот тим на стартот од новата сезона во Серија А. На српскиот тренер и тоа како беа видливи последиците од лекувањето на акутната леукемија, но со неговиот потег предизвика воодушевување кај целокупната спортска јавност во Европа, па и кај Мишел Каво кој е задолжен за неговото лекување.

Според зборовите на угледниот лекар, Михајловиќ е пациент за пример и се додека се држи до упатствата нема да биде исклучено и на некој од следните натпревари повторно да ја води Болоња од клупата.

„Михајловиќ се покажа како пациент за пример. Направи се што му сугериравме, никогаш не одби ниту еден совет или предлог. Носеше заштитна маска кога беше на стадион или во автомобил, но му кажав дека покрај аут-линијата на широк простор ризикот е помалку па може тука и да ја тргне“ – вели Каво.

Раководството на Серија А само поради Михајловиќ го промени правилото членови на стручниот штаб од сега да може да комуницираат на мобилен телефон со тренерот, доколку тој е болен.

Се вчитува...