Документарниот филм за нашата најголема фудбалска легенда Дарко Панчев – „Патот на Кобра до ѕвездите“ доби уште признание на престижен Меѓународен филмски фестивал во регионот.
Документарецот за македонската Кобра доби Грандпри награда на силниот Меѓународен филмски фестивал „Сити Фест“ кој се одржа во Ниш, Србија.
„Патот на Кобра до ѕвездите“ освои Грандпри за спортски филм, заедно и со документарецот „Булевар Ивица Осима“ на Мухамед Бикиќ од Сараево.
Во Ниш беше присутен авторот на документарецот за Дарко Панчев, Радован Максимовиќ, кој испрати и поздрави до нишката публика од македонската фудбалска легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
