Документот на ЕХФ за суспензијата на Металург: Пресудата за Шпенде е од пред една година…

Металург денеска и официјално беше суспендиран од страна на ЕХФ, откако по налог на европската куќа на ракометот, РФМ ја прошири казната за клубот на Автокоманда и на домашната ракометна сцена.

„Металурзите“ нема да можат да се натпреваруваат доколку не ги исполнат обврските кон поранешниот бек Александар Шпенде и кон екс-тренерот Зоран Кастратовиќ, кои го тужеле клубот до ЕХФ, излегле како победници од судскиот случај, но не добиле ниту едно евро од побарувањата.

Од документот со кој ЕХФ ја објаснува казната јасно се гледа дека Шпенде го добил спорот со Металург уште на 21 февруари 2021 година, но во изминатите 12 месеци европската куќа на ракометот не успеала да го „натера“ македонскиот клуб на исплата…

Нешто подоцна е пристигната и пресудата во случајот Кастратовиќ – МЕталург во корист на тренерот, но ниту тој како и словенечкиот ракометар не добил средства од Металург,по што следела и денешната официјална одлука за суспензија.

ЕХФ во приложеното писмо бара од РФМ „експресна активација“ на суспензијата, нешто што македонската куќа на ракометот го стори, поради што не беше одигран денешниот дуел со Вардар.

Останува да се види дали Металург ќе успее во најскоро време да ги исплати парите што ги должи или ќе следи најцрното можно сценарио – неодигрување на уште две средби што би значеле и исклучување на повеќекратниот првак од Супер-лигата.

Се вчитува...