Докузовски: Игравме колку да помине натпреварот

Работнички ја продолжи триумфалната серија во домашното првенство со нова рутинска победа, овојпат на домашен терен против Гостивар. Сепак, Марин Докузовски не беше најзадоволен од своите избраници, пред се од нивниот пристап и играта во нападот што беше под вообичаеното овосезонско ниво на Работнички.

„Мислам дека не влеговме како што треба во натпреварот, особено во почетокот. Потоа се консолидиравме и заигравме подобро во одбраната, но во нападот дефинитивно немавме свој ден, како играчите да почнаа прерано да празнуваат за Велигден. Како да игравме за да помине натпреварот, знаете дека кога ќе победите лесно некој ривал пред десетина дена потоа доаѓа до опуштање, иако пред мечот ги предупредив дека секој меч е посебна приказна и мора да се остане максимално сериозен во пристапот. Сепак, мислам дека рутински го одигравме натпреварот и заслужено победивме. Се надевам дека во иднина ќе играме се подобро, бидејќи знаете дека секој сака да го победи Работнички, се мотивира максимално и ние треба да одговориме соодветно“ – изјави Марин Докузовски.

Се вчитува...