Докузовски: Комплетно не надиграа, МЗТ во моментов е најсериозен претендент за титулата

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, Работнички влегува во сериозна реултатска криза, има три последовни порази, а вечерва во дербито беше декласиран од МЗТ Скопје Аеродром. Тренерот на првакот, Марин Докузовски признава дека неговиот им беше комплетно надигран.

„Не надиграа со секој елемент во кошаркарската игра. Повеќе ја посакуваа победата. Ние сме во криза, формата ни е падната. Имаме проблеми, немаме наша сала и еден планиран играч помалку кој не ни беше регистриран.  Главен проблем ни е тоаш то не сме навиканти да играме сабота-среда, а МЗТ е подоготвен за тоа. Ние не сме подготвени за тоа. Имавме и повреди и тоа е дополнителен проблем“ – вели Докузовски.

Докузовски сепак верува дека неговите играчи ќе се вратат во вистинскиот ритам.

„Јас верувам во играчите и покрај тоа што губиме три натпревари по ред. Од МЗТ не е ниту чудно да се загуби, но останатите два дуела ги загубивме премногу лесно. Мора да видиме какви се повредите на Стајиќ и на Крстевски. Сепак морам да потенцирам дека МЗТ во моментов покажува дека е најсериозен претендент затитулата“  – смета тренерот на најтрофениот кошаркарски состав.

Шанса за прва победа во Супер-лигата, Рабонички ќе бара во мечот против Куманово по два дена.

 

 

 

Се вчитува...