Докузовски: Нека биде дерби во кое сите ќе уживаат

МЗТ Скопје и Работнички вечерва ќе ги одмерат силите во нова дерби пресметка, која може да реши многу работи околу екипата што ќе го освои првото место во пресрет на плеј-офот. „Металците“ влегуваат во денешниот дуел со една победа предност во однос на актуелниот првак, па со победа на домашен терен имаат можност да направат чекор напред кон осигурување на првата позиција, која би им гарантирала и предност на домашен терен доколку двата тима се сретнат во големото финале.

Работнички во првиот меч сезонава го освои Аеродром, „центарци“ славеа и во последниот меѓусебен дуел со МЗТ, во полуфиналето од Купот на Македонија што се играше во Гевгелија.

„Купот е една работа, првенството е сосема поинакво нешто. Јас и претходно имам кажано, МЗТ Скопје со ростерот што го поседува е главен фаворит за титулата, но ние сме Работнички и никогаш нема предвреме да се откажеме. Претрпевме порази во последните две кола, тимот е во мала криза поради чудните одлуки на МКФ, за нерегистрирање на Џонсон, кој требаше да ни биде клучно засилување, и забраната за играње во „Градски парк“, што се одрази на нашите резултати бидејќи сега мораме сите домашни натпревари да ги играме надвор од Скопје. Како и да е, дуелите меѓу МЗТ и Работнички секогаш се специјални. Моја желба е пред се двата тима да понудат квалитетна кошарка во која публиката ќе ужива, а мечот да мине во спортска атмосфера“ – изјави Марин Докузовски.

Се вчитува...