Докузовски: Сега немам забелешки за борбеноста на кошаркарите

Работнички се држеше до пред крајот, но го загуби и вториот натпревар од финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром. Тренерот Марин Докузовски сега нема забелешки за борбеноста на кошаркарите и вели дека голем хендикеп е повредата на Караџовски.

„Ова беше сосема поинаков натпревар, морам овојпат и да ги пофалам кошаркарите. Тоа ми е работа. Некогаш да и критикувам, некогаш да ги фалам. Денеска немам никакви забелешки за борбеноста. Имавме дополнителен хендикеп и со повредата на Караџовски. Ги немаме и Мираковски и Кире Николовски. МЗТ има многу поголем ростер за ротација, тоа го искористи и заслужено победи“, изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски.

Третиот меч од финалната серија се игра на теренот на МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...