Докузовски: Скапо ја продадовме кожата, честитки за МЗТ Скопје

Марин Докузовски коректно му честиташе на МЗТ Скопје за освоената титула, но и на своите кошаркари за прикажаната игра на овој, како и на претходниот финален натпревар.

„Ние го дадовме максимумот на овој натпревар, но ова беше осми меч за 16 дена, заморот беше забележлив Му честитам на МЗТ Скопје, но и на моите играчи, за доброто издание, за пожртвуваноста, бидејќи скапо ја продадоа кожата. Имавме проблеми, но и со комбиниран тим поради поведите му го загорчивме животот на МЗТ Скопје“ – истакна Докузовски.

За трофејниот стратег ова најверојатно беше и последен меч на клупата на Работнички, со оглед на неговата изјава дадена по поразот во првиот меч, дека на крајот од сезонава ќе се повлече за да одмори од напорниот тренерски ангажман.

Се вчитува...