Долго време го чекаше Милан, на крајот ќе замине во Њукасл

Милан е на добар пат да загуби уште едно планирано засилување, откако италијанскиот првак јасно стави до знаење дека нема намера да влезе во „аукција“ со Њукасл за ангажман на Свен Ботман.

„Росонерите“ веќе подолго време преговараа за ангажманот на овој фудбалер, договарајќи ги личните услови со Холанѓанецот, а потоа и отштетата со Лил во висина од 30 милиони евра. Ситуацијата се промени откако во трката се вклучи Њукасл, нудејќи 45 милиони евра за услугите на одличниот дефанзивец. Логично, Лил инсистираше на преселба на Ботман во Премиер-лигата, фудбалерот цел месец чекаше Милан да ја зголеми понудата за трансферот на „Сан Сиро“ да се реализира, но откако стана јасно дека тоа нема да се случи, Ботман влегува во завршна фаза од преговорите со Њукасл и се очекува овој трансфер да биде комплетиран во наредниет 48 часа.

Милан ќе го загуби и второто планирано засилување од Лил, Португалецот Ренато Санчез. Понудата од 18 милиони евра веќе беше прифатена од Лил, но ПСЖ се вклучи во „пет до дванаесет“, нудејќи му двојно поголема плата на Санчез од понудата на „росонерите“.

Се вчитува...