Дома си е дома – Хамилтон до пол-позиција на „Силверстоун“

Луис Хамилтон најави дека е подготвен да ја оствари зад себе разочарувачката трка во Австрија и веќе на британското гран-при, пред своите сонародници да докаже дека е подготвен за нови победи во Формула 1 шампионатот.

Зборовите ги поткрепи со дела на денешните квалификации за ГН на Велика Британија, доминирајќи на „домашната трка“ на патеката „Силверстоун“. Тој извозе најбрз круг и утре ќе се најде на чело на колоната, за четврта пол-позиција во серија кога станува збор за оваа патека.

Од второто место утрешната трка ќе ја стартува Себастијан Фетел, пред Раиконен, Ботас, Ферстапен, Рикиардо…

Се вчитува...