„Дома си е дома“…Карачиќ на тренинг со вардарците Дибиров и Калараш (ФОТО)

Може ли Игор Карачиќ да се врати во Вардар? Оваа вест ги „милуваше“ навивачите на европскиот првак Вардар откако Киелце западна во финансиски проблеми. Но, и ако не се врати, за што секако има многу мали шанси во моментот, тој во Скопје си е дома.

Хрватскиот интернационалец ги почна подготовките за новата сезона во Лигата на шампионите заедно со поранешните соиграчи од РК Вардар, Тимур Дибиров и Глеб Калараш. На фудбалското игралиште спроти хотел Русија, тројцата ракометари создаваат кондициска база за следната сезона.

Денеска ќе бидат извлечени и групите во Лигата на шампионите, а европскиот првак Вардар го очекува ждребот од првиот шешир.

Се вчитува...