Во плеј-оф серијата, домашниот терен е очигледно голема предност. Тоа беше случај и во НБА синоќа.
Атланта Хокс ја остварија својата прва победа во серијата против Њујорк Никс и тоа во драматичен меч со 109-108 (33:21, 25:29, 30:30, 21:28).
Џејлен Џонсон одигра натпревар на кариерата, постигнувајќи 24 поени, со десет скока и осум асистенции. Освен него, одлични игри пружија Си-Џеј Меколум со 23 поени и Џонатан Куминга со 21 поен.
На другата страна кај Никс, најефикасни беа О.Г. Ануноби со 29 поени и девет скока, Џејлен Брансон со 26 поени и Карл Ентони Таунс со 21 поен и 17 скока.
Во вториот натпревар, Торонто Репторс победија против Кливленд со 126-104.
Торонто водеше во поголемиот дел од натпреварот, но постигна целосна доминација во четвртата четвртина, каде резултатот гласеше нереални 43-23!
Дуото Скоти Барнс и Ар Џеј Барет беа најефикасни во редовите на Торонто, кои заедно постигнаа 66 поени (двајцата кошаркари по 33). Покрај тоа, Барнс имаше 11 асистенции и пет скока. Исто така, Мареј-Бојлс имаше добра улога во редовите на Торонто со 22 поени и осум скока.
На другата страна во редовите на Кавс, најефикасен поединец беше Џејмс Харден со 18 поени, четири скока и четири асистенции, додека Мичел, Мобли и Струс имаа по 15 поени.
Минесота, пак, победија со Денвер Нагетс во серијата со 2-1, по синоќешната победа од 113-96!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
