Hotspot кошарка

Билтенот со пропусти, забелешки и казни во домашниот кошаркарски шампионат понекогаш е исклучително забавно четиво. Покрај стандардните пропусти, неработење на семaфори, немање заштита за клупите на играчите, понекогаш има и слабости, а и решенија за нив кои на најдобар начин го отсликуваат нивото на најсилната македонска кошаркарска конкуренција.

Така, во првото коло од сезоната на дуелот меѓу Вардар и Куманово, немањето интернет во салата, кој е инаку задолжителен, било решено со „hotspot“.

„Пред почетокот на натпреварот во салата немало интернет конекција, по консултација со делегатот домаќинот обезбедил интернет конекција преку мобилен телефон“ – стои во билтeнот на МКФ.

За пропустот, Вардар поминал само со опомена од комесарот.

Се вчитува...