Домен Тајник, трет Словенец во Еурофарм Пелистер

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска комплетираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со 22-годишниот Домен Тајник. Станува збор за ракометар од Словенија кој доаѓа од редовите на Гоњењ Велење, поранешен младински репрезентативец на својата земја кој настапува на бековската позиција.

Ангажманот на Тајник значи и проширување на словенечката колонија во таборот на битолскиот клуб, кој од лани во своите редови го има голманот Лесјак, а летово потпиша договор и со десниот бек Цехте.

„Се работи за ракометар со високи спортски перформанси, па иако е млад, има искуство од европски натпревари и трофеи со поранешниот клуб. Тајник е роден во Словење Градец, висок е 183 сантиметри, а тежок 88 килограми. Целата кариера ја мина во Велење, а од сезоната 2017/18 е член на сениорската екипа. Со Горење Велење стана шампион на Словенија, ги освои Купот и Суперкупот на Словенија, играше во Лигата на шампионите, а последните сезони беше дел од тимот кој настапи и во Европската лига. Тајник беше МВП на словенечкиот шампионат во сезоната 2021/22 и на Купот и Суперкупо на Словенија истата сезона. Домен Тајник ги мина сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри. Ракометарот деновиве ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Официјалното претставување на Тајнкик во Еурофарм Пелистер е предвидено за крајот на август“, објави актуелниот шампион на Македонија.

Се вчитува...