Доминација: Лазаров со Барса до 157 победи во низа во Шпанија

Кире Лазаров со вчерашниот триумф во финалето од Копа дел реј се закити со уште еден трофеј на своето збогување со Барселона. Дуелот со Ла Риоха беше последен за македонскиот капитен во дресот на каталонскиот гигант, а по неговото заминување шпанските медиуми извадија на површина неверојатна статистика – Кире Лазаров до вчерашното заминување од овој клуб имаше фантастична серија од 157 победи.

Севкупно гледано, Лазаров забележа 120 победи во АСОБАЛ-лигата, потоа 18 во Копа дел реј, осум во АСОБАЛ-купот, седум во Супер-Каталонија и четири во Супер-купот на Шпанија. Во овие четири сезони Лазаров загуби само единаесет натпревари во дресот на Барса, сите во Лигата на шампионите 51 победа, четири реми), последните два на Ф4 турнирот во Келн од Вардар и од Веспрем.

Бројките велат дека Лазаров во четирите години минати во дресот на каталонскиот гигант вкупно постигна над 1.000 голови за Барселона, од кои 527 во АСОБАЛ-лигата, а 380 во Лигата на шампионите.

Само за потсетување, Лазаров својата кариера ја продолжува во дресот на францускиот прволигаш Нант, потег кој го повлече откако не му беше понуден нов договор од страна на раководството на каталонскиот гигант.

Сакав да останам, но проблемот беше во должината на договорот што го барав. Имав бројни понуди, но онаа од Нант според мене е најдобра“ – истакна Кире Лазаров.

Кире Лазаров и Борко Ристовски вечерва ќе пристигнат во Скопје и од утре ќе почнат со тренинзи со остатокот од македонската репрезентација, во пресрет на квалификациските натпревари со Украина и со Чешка.

Се вчитува...